Викендов започнува зимското сметање на времето

- Македонија
406

Викендов, 29-ти спроти 30-ти октомври започнува зимското сметање на времето.

 Стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад, со што времето во 3 часот ќе се смета за 2.

И покрај најавите за можно останување на летното сметање на времето, сепак Владата одлучи да нема промени во досегашното летно и зимско сметање на времето.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Facebook Коментари