Временска прогноза – променливо облачно и студено време

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облчно и студено време со засилен ветер од северозападен правец. Силниот ветер ќе биде застапен повеќе долж Повардарието и во источните делови од земјава, а се очекува и значително намалување на температурата која ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени. Во текот на викендот ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, врнежи од дожд се очекуваат во недела. Температурите во текот на викендот ќе бидат во благ пораст.

