Во Струга за прв пат се одржа Струшка софра на која присуствуваа голем број на граѓани од различни професии

Убавината на светот лежи во различностите на луѓето. Софрата е место кое сите не обединува без разлика на пол, возраст, националност. Добрата храна пак е уште послатка кога се дели со пријатели. Благодарение на Здружението на граѓани Етнитети од Струга на 20.04.2017 година во Струга за прв пат се одржа Струшка софра на која присуствуваа голем број на граѓани од различни професии. Оваа активност е дел од проектот за Граѓанско учество и локална демократија финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европска унија имплементираат од страна на Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Центарот за развој на локална демократија (ЦРЛД).

Софрата претставуваше добра можност на една маса да седат заедно и да да дискутираат луѓе од различни професии и профили за можностите и проектите кои што можат да се реализираат во општина Струга од областа на културата. Сите присутни имаа заеднички став дека манифестација треба да прерасне во традиција затоа што го отсликува градот, неговите жители и нивната култура.

Извор: StrugaOnline

