Македонската кошаркарска федерација покренува иницијатива за одржување на турнир за девојчиња до 14 години. Првиот турнир беше поздравен од осум екипи и успешно организиран во Скопје, а вториот ќе биде организиран во Струга или во Вевчани.
Се планира, турнирот да биде одржан последниот викенд од тековниот месец април (29. и 30.).
Сите трошоци за официјалните лица како и за сместување на екипите ќе бидат покриени од страна на МКФ, а клубовите учесници ги покриваат трошоците за патување и за храна.
На првиот турнир, екипата на Струга 2009 го подигна победничкиот трофеј.
Извор: mkf.mk
Фото: mkf.mk
Facebook Коментари