ЛШ: Вардар на гости со триумф над Флензбург

- Спорт
1065

Вардар извојува голема победа на првиот дуел од четврт-финалето на лигата на шампионите против Флензбург со 26-24 (15-9) правејќи голем и важен чекор до пласманот на Ф4 турнирот во Келн. Останува да се одигра реваншот, во четврток во Скопје.

Одличното прво полувреме што го добија ракометарите не Вардар со 15-9 го најави многу посакуваниот триумф на гостински терен.

Вардарци блескаа во нападот, реализира речиси 80 отсто од нападите, а Штербик во првиот дел имаше осум интервенции.

Во 49-та минута Флензбург првпат се приближи на „минус 2″ на 21-23 најавувајќи неизвесна завршница, но, Вардар повторно направи разлика и зголеми на 26-22 во 54 минута. Во последните шест минути имавме неколку шанси за гол, но токму тогаш домашниот голман се разбрани и имаше шест одбрани.

Арпад Штербик беше централна фигура на натпреварот, тој имаше 16 успешни интервенции, додека стрелците кај Вардар, ги предводеа Чупиќ, Душебаев и Циндриќ со по пет голови. Јакобсон со шет гола беше најефикасниот играч на Фленсбург.

Реваншот, по кој ќе биде познат патникот на завршниот турнир во Келн, ќе се одигра в четврток од 19 часот, во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје

Facebook Коментари