Лет Тимис е познат авантурист од Англија кој пред седум години решил да го прошета целиот свет со својот велосипед. Тимис тоа и го оствари. За време на патувањето собрал 128 888 долари и истите ги поадрил на организацијата „Derbyshire Childrens’s Holiday Centre“ која организира патувања за деца. Изминативе седум години Лет Тимис поминал 70 000 километри.
„Среќен сум што се вратив дома. Ја гледам мајка ми после толку долго време, тоа за мене е непроценлив момент“ – вели 30 годишниот авантурист ведбаш по пристигнувањето во својот роден град Дерби.
Медиумите во Англија ја пренесоа и емотивната изјава на неговата мајка:
„Се чувствував нервозно и возбудено додека го чекав. Пресреќна сум што го гледам повторно. Доживеа неверојатно искуство, свесна сум дека ќе му треба време да се навикне на домот и секојдневието“ – изјавила Ким Кимберли.
Како изгледа пристигнувањето на Тимис погледнете на следново видео:
Facebook Коментари