Годишна средба на ИПА 2 Механизмот за граѓански организации ќе се одржи на 16ти и 17ти мај во Охрид – пријавување до 3ти мај

- Локални
969

 

Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, во Охрид  ja  организираат годишната средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.

Средбите ќе се одржат  16-ти и 17-ти мај во хотел „Метропол“, Охрид.

Целта на годишните средби е  развој на конструктива дискусија и барање соодветни решенија за секторските предизвици од страна на  граѓанските организации како и  споделуваат добри практики, идеи за секторска комуникација и вмрежување. На настанот ќе бидат презентирани досега спроведените активности на ИПА 2 Механизмот, како и активностите планирани за во иднина.

Повикот за пријавување е отворен заклучно до 3 мај, а селектираните учесници ќе бидат известени најдоцна до 5 мај.

Извор: ОхридПрес

Facebook Коментари