Намирници кои го заменуваат кафето, разбудете со во поинакво утро, со нови навики

- Здравје
1068

Сè уште нема сигурен одговор дали кафето е здрава намирница. Меѓутоа, повеќето од луѓето мислат дека без кафе не можат да се расонат и убаво да си го започнат денот. Доколку сте забележале дека утринското кафе ви предзвикува вознемиреност и проблеми во желудникот, ви нудиме неколку намирници кои ќе го заменат и ќе ве наполнат со енергија.

Вода

Напијте се чаша студена вода веднаш откако ќе се разбудите и веднаш ќе почувствувате дека поспаноста исчезнала. Повеќето од нас наутро дехидрираат, затоа течноста многу ќе ви помогне.

Јаболков оцет

Се уште не постои научно објаснување зошто јаболковиот оцет го зголемува нито на енергија, но неговото мешање со млака вода и мед е напиток кој од одамна се смета за полн погодок за организмот. Овој напиток ја зголемува концентрацијата и го подобрува здравјето на внатрешните органи.

Чиа семе

Семенките од чиа се богати со омега -3 масни киселини кои го хранат мозокот и предизвикуваат расонување. Можете да ги додадете и во утринското смути.

Јајца

Јајцата за појадок се добитна комбинација бидејќи содржат многу беланковини кои вашето тело ќе го нахранат со енергија за целиот ден.

 

Facebook Коментари