Црвен Крст Охрид објави литературен и ликовен конкурс на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“

- Локални
853

По повод одбележување  на 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст (8-15 мај), а во пресрет на празникот Св. Кирил и Методиј, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс.

Конкурсот е на тема „Хуманоста во заштита на човековото добро и достоинство“. Право на учество имаат сите граѓани. Ликовните и литературните творби (проза или поезија) може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, или да се испратат на е-маил: [email protected], најдоцна до 19 мај. Творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, контакт телефон и адреса на живеење.

Стручна комисија ќе ги оценува творбите, а најдобрите три  ќе бидат наградени.

Извор: ОхридПрес

 

Facebook Коментари