Секоја емоција делува на одреден орган – стравот влијае на бубрезите, загриженоста го заболува срцето

- Здравје
1627

Кога сме под стрес имаме „грч во желудникот„, кога плачеме „се гушиме од солзи“, а кога нешто ќе не исплаши „се тресеме од страв“. Емоциите се многу тесно поврзани со физичкото здравје, а многу заболувања се предизвикани од нашите емоции. Поради премногу возбудувања страда срцето, грижите се одразуваат на стомакот, од постојан страв доаѓа до заболувања на бубрезите, а од тага заболуваат белите дробови.

Научно е докажано дека емоциите како што е стравот и депресивните чувства во телото предизвикуваат многу поразлични хемиски реакции од оние кои се поврзани со среќата и задоволството. Но, тоа не значи дека здравјето бара живеење во совршени услови, туку, најважни се реакциите кои ние ги манифестираме и како ги доживуваме животните околности – се сложуваат стручните лица.

Невозможно е да се контролираат емоциите, но возможно е да се прифатат, да се ублажат и од нив нешто да се научи.

Сепак, емоциите не се единствената причина за појава на болести. Некои психолози тврдат дека за многу болести емоциите се „виновни“ 75%,  другите 25% се припишуваат на генетиката.

„Емоциите се систем за предупредување. Тие се најверодостоен показател за тоа што се случува во човековиот организам. Но, тие го покажуваат и патот по кој треба да се движиме„ – вели Морис Елиас – доктор по психологија

Игнорирањето на емоциите предизвикува сериозни болести како што се: карцином, артритис но и многу хронични заболувања.

Лутината е емоција која доколку не знаеме да ја канализираме предизвикува главоболки, вртоглавици и висок притисок. Кај луѓето склони на проблеми со желудникот, потиснатата лутина предизвикува гастритис и чир. Потисната загриженост предизвкиува проблем со варење на храната, запек, надуеност, грчеви и болки во стомакот.

Затоа, стручните лица препорачуваат секоја личност да биде во склад со сопствените емоции и да најде соодветен „вентил„ за ослободување на истите на конструктивен начин, наместо потиснување.

Facebook Коментари