Тајна на младоста на Јапонките – маска од ориз, рецепт стар со векови

- Здравје
1264

Секоја жена сака да изгледа десет години помладо. Жените во Јапонија велат дека е тоа можно доколку користите маска за лице од ориз.

Оризот е многу богат со состојки кои предизвикуваат производство на колаген, а тоа значи и исчезнување на борите. Исто така, оризот ја штити кожата од штетните дејства на сончевите зраци, во него има изобилство од витамин Е и гама оризнол. Кога станува збор за подмладувањето оризот навистина прави чуда, треба да го подготвите и да се уверите сами. Станува збор за стар јапонски рецепт кој се пренесувал како вистинско чудо кое дава совршен тен и ги уништува брчките.

Состојки:

3 лажици ориз, 1 лажица млеко и 1 лажица мед

Начин на подготовка

Оризот треба да се свари и да се исцеди, сочувајте ја водата во која сте го вареле. На сварениот ориз додадете една лажица топло млеко, а потоа додајте и една лажица мед.

Маската нанесете ја на чисто и суво лице. Оставете ја маската да се исуши на вашата кожа. Потоа, исчистете го лицето со водата во која се варел оризот бидејќи таа вода е силен антиоксиданс.

 

 

Facebook Коментари