На само неколку дена пред концертот на дуото ДНК закажан за 12 мај во Метрополис арената, Андреј и Панчо ја промовираа новата песна насловена како „Невозможна мисија“ и спотот кој изгледа како креативно изработен филм кој ја доловува приказната. Спотот го изработи Даниел Јовески, кој за прв пат соработува со ДНК. Во видеото можете да видите колку добро е доловена љубовната приказна на еден селанец и еден бизнисмен вљубени во иста девојка. Сцените се снимани на неколку интересни локации во Охрид и во неговата околина. Што се однесува до авторскиот тим, зад музиката и текстот на „Невозможна мисија“ заедно се потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски, а аранжманот е на Лазар Цветковски.
Песната „Невозможна мисија“ е најава за нивниот славенички концерт, закажан на 12 мај во Метрополис арена.
Билетите веќе се пуштени во продажба, а истите можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс. Заедно со Андреј и Панчо, на концертот ќе настапат и нивните специјални гости : Роберт Билбилов, Магдалена Цветкоска – Ена, Дарко Илиевски, Тамара, браќата Тавитјан и други.
Facebook Коментари