Денеска во Скопје се одржа детски мини маратон – стотици детски насмевки го украсија кејот на Вардар

- Спорт
1279

Денес, на кејот на реката Вардар позади Парк Хотел и Спа традиционално се одржа Детскиот мини маратон. Секоја година оваа трка од 500 метри се организира пред самиот Виз Ер Скопски маратон.

 Детскиот мини маратон е уште една трка од масовен карактер во склоп на Виз Ер Скопскиот маратон која е наменета за учениците од 5то и 6то одделение од основните училишта во Скопје. Партнери на Детскиот мини маратон се Македонски олимписки комитет и УНИЦЕФ.

 За време на самата трка најмалите беа подржани и од промоторките на Виз Ер Скопскиот маратон, трите сестри близначки од Естонија, Леила, Лина и Лили кои  учествуваа на маратонската трка на Олимписките игри во Рио.

 Стотици детски насмевки го украсија кејот на Вардар кога охрабрени од најблиските кога тркачите го започнаа забавниот натпревар. Секоја година оваа трка е поттик кај најмалите уште од најрана возраст да започнат со здравиот начин на живот.

Facebook Коментари