Со 66,06 отсто од гласовите, во вториот круг од претседателските избори во Франција кој се одржа вчера ,за нов претседател на Франција е избран Емануел Макрон. Макрон има 39 години, и со тоа и официјално е најмладиот претседател на оваа земја по Наполеон Бонапарта. Тој синоќа, после објавените резултати се обрати пред неговите приврзаници на платото пред музејот „Лувр“ во Париз, каде пропратен со звуците на европската химна им се заблагодари на Французите за поддршката што му ја укажаа.
Честитки за победата Емануел Макрон доби и до светските лидери. Победата му ја честитаа Британската премиерка Тереза Меј, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јунер ,претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани и други. Претставник на германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека победата на Мaкрон е „победа за силна и обединета Европа“
Facebook Коментари