Aдел e единствена дама на листата најбогати музичари во Велика Британија

- Музика
1045

Магазинот „Сандеј тајмс“ објави дека светската музичка sвезда Адел е најбогата пејачка во Велика Британија. Минатата година пејачката со златен глас заработила речиси 50 милиони евра, а благодарение на светската турнеја богатството на Адел пораснало од 85 на 125 милиони фунти.

Оваа сума, Адел ја сместува на 19 место на листата на „Сандеј тајмс“ каде се објавени најбогатите музичари во Британија.

На листата, Адел е единствената припадничка на понежниот пол. Листата ја предводи  легендарниот Битлс Пол Макартни со неверојатни 900 милиони фунти заработка, втор е Ендру Лојд  Вебер со 870 милиони ,а најбогатата тројка ја заокружува групата U2 со нешто повеќе од 680 милиони фунти.

 

Facebook Коментари