Денеска во Охрид ќе биде организирана едукативна информативна работилница по повод објавениот јавен повик за тековната 2017 година, за доставување на барања за користење на средства од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата)
Работилницата има за цел да ги запознае сите заинтересираните страни и пошироката јавност за можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2014-2020 и начинот на користење на средства од програмата.
Заинтересираните граѓаните, земјоделците, приватни сопственици, хотелиери ќе можат да присуствуваат на денешниот настан, кој ќе се одржи во Големата Сала на Општина Охрид со почеток во 19.00 часот. Присутните ќе се запознаат со новите мерки, упатства за корисници, висина на финансиска подршка ИПАРД Програма 2014-2020.
Извор: ОхридПреc
Facebook Коментари