Претставници од МТСП стекнуваат нови знаења, вештини и искуства за концептот на лична асистенција

- Македонија
1246

 

 

Обуката „Воведување на  услуги за лична асистенција како дел од системот на социјална заштита“е наменета за вработените на Министерство за труд и социјална политика и  се одржува на 09/10.05.2017 година во Хотел Арка во Скопје.  На обуката се присутни претставници од различни сектори и профили, при Министерството, кои покажаа интерес и ентузијазам за надградување на професионалните и лични капацитети во насока на личната асистенција. Присутните констатираа дека личната асистенција е широка област која наоѓа примена во различни сфери, етапи и животни опкружувања на секој поединец.

Министерството за труд и социјална политика е главен корисник на  проектот „Унапредување на услугите за социјална инклузија“, а главната цел на оваа обука е да се зајакнат капацитетите, вештините, компетенциите и знаењето на различни чинители, за користење и примена на личната асистенција како услуга. На обуката излагања ќе имаат повеќе експерти, од различни области, кои дадоа придонес во конципирање и пилотирање на оваа услуга.

Во насока на паролата НИШТО ЗА НАС, БЕЗ НАС на обуката се присутни и лица со телесна попреченост, корисници на услугата, кои ги споделуваат своите искуства, потреби и предизвици со кои секојдневно се соочуваат и за чие надминување личната асистенција има големо значење.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари