Учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга се покажаа како добри фудбалери – нижат спортски успеси

- Локални, Спорт
3394

Денес, петок 12-ти мај, во Старо Нагоричани се одржа финалето на државно првенство во фудбал за основните училишта од Македонија, каде учествуваа 4 екипи од ОУ „Мирче Ацев“ од Штип, ОУ „Александар Македонски“ од Скопје, ОУ „Браќа Миладиновци“ од Струга и домаќините од Старо Нагоричани.

Нашите основци од ОУ „Браќа Миладиновци“ во полуфиналето ја победија екипата на ОУ „Александар Македонски“ од Скопје со 2:0, додека во финалето ја победија екипата на ОУ „Мирче Ацев“ од Штип.

Домаќините се покажаа како одличен организатор, каде следуваше и организирана вечера за учениците.

Професорите на ОУ „Браќа Миладиновци“ од Струга, Марјан Ќушкоски и Астрит Мерко, секогаш тука за своите ученици.

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари