Прашањата за екстерното тестирање објавени на страницата на Државниот испитен центар

Државниот испитен центар на својата официјална страница вчера ги објави прашањата по сите наставни предмети од спроведувањето на екстерното тестирање. Освен што можат да ги превземат, за учениците е отворена и можноста да оставаат коментари и да укажат доколку во некое прашање има одредена неправилност .
Со регистрација, секој ученик може да го види датумот за полагање на предметите во неговото училиште, а прашањата се прегледни според типот на образование, наставниот план и предмет.

