Центарот на заедницата на општина Струга како дел од своите предвидени активности за 2017 година а во рамките на акцискиот план за млади на Oпштина Струга втора година по ред објавува Конкурс за најдобар есеј. Целта на конкурсот е да се поттикнат младите за нивната улога, нивните потреби и нивното место во општината.
Во објавата на центарот стои дека:
Заинтересираните учесници можат да ги поднесат нивните гледишта на една од двете теми :
– Јас како активен граѓанин во општината.
– Општина по моја мерка
Со својот есеј меѓу другото, кандидатите треба да покажат знаења од областа на локалната самоуправа, процесот на децентрализација и начините на вклучување на граѓаните во процесот на носење одлуки во Општина Струга.
За да можат да учествуваат кандидатите треба да бидат на возраст од 15 до 20 години, да се жители на општина Струга, Есеите треба да бидат напишани на македонски или албански јазик и не треба да бидат повеќе од 3 стандардни страни, Есеите треба да бидат пишувани со фонт 12 Times New Roman, Есеите треба да произлегуваат од авторот, секој цитат треба да биде соодветно означен, Учесниците можат да се пријават само со еден текст во една од горенаведените теми, а Центарот на заедницата на општина Струга ги задржува правата да ги објави победничките есеи.
Есеите ќе бидат оценувани за нивната оригиналност и креативност на мислата, структурата и доследност на аргументите, релевантност со темата на конкурсот, користењето на обмислени и конкретни предлози. Есеите ќе бидат оценувани од страна на формирана Комисија за конкурсот во состав од ( претставник од Општина Струга, стручен професор и претставник од Центарот на заедницата на Општина Струга).
Поднесените есеи треба да бидат придружени со следните информации за истите да бидат прифатени :Име и презиме на авторот,електорнска пошта, телефонски број, Училиште/ Факултет
Есеите треба да бидат пратени по електорнски пат на [email protected] со назнака Конкурс за есеј. Краен рок за поднесување на есеите е 31.05.2017 година.
Од Центарот на заедницата на општина Струга во својата објава додаваат дека врз основа на одлуката на комисијата, Центарот на Заедницата на општина Струга ќе ги награди првите шест најдобри есеи (три на македонски јазик и три на албански јазик) со книги во износ од 6.000 денари за првото место, 5.000 денари второ место, 3.000 денари за трето место. Наградите ќе бидат доделени на јавен промотивен настан организиран од страна на Центарот на заедницата на Општина Струга кој ќе се одржи на 07.06.2016 во просториите на Сала на Совет на општина Струга.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари