На 52 годишна возраст почина Крис Корнел

- Музика
1143

На 52 годишна возраст ненадејно почина Крис Корнел, фронтменот на групата Саундгарден, објави Фокс Њуз. а за објавата се повика на публицистот на Корнел.

Нема информации за причината за смртта на Крис. Портпаролот на Корнел изјави дека смртта била неочекувана и дека музичарот немал никакви здравствени проблеми.

Тој починал само неколку часа откако на Твитер објавил дека турнејата на „Саундгарден“ во Детроит е целосно распродадена.

Семејството на прерано починатата sвезда преку соопштение за јавоноста  побарало приватност во нивната жалост.

Корнел е еден од најпознатите и најпопуларните музичари во 90-те години, а Саундгарден, заедно со Нирвана и Прл Џем, беа меѓу најпопуларните бендови во гранџ музиката.

 

Facebook Коментари