Метална ограда околу целиот училишен двор доби ООУ „Свети Климент Охридски“ во струшкото село Драслајца. Оградата е донација од „ПН Метал“. Преку фејсбук страницата на училиштето огромна благодарност до „ПН Метал“ изрази раководството, наставниците, учениците, родителите и месното население. Тие истакнуваат дека на овој начин е зголемена безбедноста на учениците во училиштето, а од самиот напис со кој се укажува благодарноста може да се заклучи дека оградата била навистина потребна.
Извор: Strugaonline
Фото: ООУ„Свети Климент Охридски”
Facebook Коментари