Со свечена академија и промоција на книга, во Охрид ќе се одбележи Националниот ден на Власите

- Локални
1113

По повод Националниот ден на Власите, претставници на Охридското здружение на Власите, вчера присуствуваа на свечената академија која се одржа во Скопје.

И во Охрид ќе се одбележи овој ден, но како што велат од здружението, активностите ќе бидат со мало одложување од неколку дена.

Влашката заедница во Охрид од самото востановување, работи во заедништво со останатите заедници. Оваа заедница во континуитет дава придонес за развојот на Охрид, како во делот на економијата, така и во културниот развој.

Годинава се навршуваат 117 години од Декретот на турскиот Султан Абдул Хамид Втори со кој Власите беа признати како посебен народ. Со овој документ издаден на 23 мај, во 1905 година Власите ги добиле сите права како и останатите немуслимански народи во рамки на тогашната Отоманска Империја. Годинава се одбележуваат и 10 години од прогласувањето на Националниот ден на Власите за државен празник и неработен ден за сите припадници на влашката заедница.

Утре, согласно Законот за празници, ќе биде неработен ден за граѓаните припадници на Влашката заедница во Македонија.

Извор : ОхридПрес

Facebook Коментари