Народниот театар од Охрид гостува во Србија и Германија

- Локални
990

Народниот театар од Охрид ќе се претстави на два културни настани пред македонските иселеници во Србија и Германија.

На покана на македонското друштво „Македониум” Охридскиот театар вечерва во Белград ќе ја одигра претставата „Аналфабет” во режија на Ѓорѓи Ризески. Улогите ги толкуваат Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска.

Потоа, на 27 мај, во Франкфурт, Германија, ќе се одигра театарската импровизација – „Импровокација”, со актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски и Филип Жура.

Организатор на настанот е Македонското културно и спортско друштво „Македонија” од Франкфурт.

Извор: ОхридПрес

Facebook Коментари