Магазинот „Тime“ на почетокот на годинава објави листа од 50 најефтини земји во светот. За да ја состави оваа листа магазинот стандардите на земјите ги споредувал со стандардот на живот во Њујорк. Според добиените резултати најефтината земја на светот е Јужна Африка. Споредувањето било засновано на куповната моќ во однос на платата, цената на изнајмувањето станови, цената на намирниците и превозот и цените во рестораните.
На оваа листа Македонија е на десеттото место, а Босна и Херцеговина на 11-то место. Што се однесува до другите земји од овој регион, Time пишува дека Хрватска е на 47-то место, Црна Гора е 26та,Словенија 36, Албанија 27. Србија на 18-то место, а Косово на третото место.
Според оваа листа десетте најефтини земји во светот се: Јужна Африка,.Индија, Косово, Саудиска Арабија, Казаxтан, Замбија, Оман, Парагвај, Чешка и Македонија.
Facebook Коментари