Старт ап Клубот претставува серија од осум работилници за стекнување вештини за основање на социјално претпријатие или невладина организација. Овие работилници се наменети за секој кој сака да се надогради во оваа насока и да земе проактивен став кон подобрување на животот во својата заедница. Работилниците ќе бидат реализирани во текот на летниот и/или есенскиот период во Американско катче Струга, и ќе ги опфатат следните теми: Вовед во социјално претприемништво и НВО; Проценка на потребите на заедницата;Креирање на бизнис план; Можности за финансирање; Креирањена ефикасни деловни процеси, користејќи го моделот Lean and Six Sigma; Маркетинг преку социјалните медиуми; Логичко поставување; Симулација на презeнтирање на бизнис идејата на инвеститори.
Учеството на работилниците е бесплатно, а пријавувањето е во тек, на: [email protected]
Повеќе информации можете да добиете на тел: 046 782 114 или лично во просториите на Американско катче Струга, во старото ОУ Браќа Миладиновци во Струга.
Извор : Strugaonline
Facebook Коментари