Лев банер Десен банер

Изложбата „По стапките на А.Ден Долард“ вечерва ќе биде отворена во Домот на културата во Струга

Вечерва во Домот на културата во Струга со свечено отварање во 19 часот ќе биде поставена изложбата “По стапките на А.Ден Долард” . Станува збор за изложба на фотографии на тројца холанѓани преку кои ќе биде прикажан изгледот на Струга и околината од пред педесет години.“По стапките на А.Ден Долард”  е изложба која е плод на случајна виртуелна  средба помеѓу тројца холандски туристи од седумдесетите години и Владислав Жупан.

Marija Koopman, Fred Volpp и Carlus Koopman кампувале на брегот на Охридското езеро во регионот на Струга, во периодот 1973/75 година. Во тоа време многу холанѓани доаѓале во Македонија, а иницијална каписла за ваквиот интерес биле книгите на холандскиот писател А. Ден Долард. Овие тројца туристи секојдневно ги снимале и фотографирале свирачите на локалните свадби, струшките чалгиски тајфи, уличните свирачи на автобуската станица, децата од градот како и свадбите и обичаите во околните села.
Сега по речиси пет децении, тие доаѓаат во Струга за да ја отворат оваа изложба на фотографии и аудио матреријали.

Еден од организаторите на изложбата  е и струшкиот музеј “Д-р. Никола Незлобински”, каде по завршувањето, изложбата ќе стане дел од музејските материјали.

фото: fb/vladislav zupan

 

error: