После една година пауза Лидија Кочовска се враќа на македонската музичка сцена со новата песна насловена како „ Потполни странци“. Комплетен автор (музика, текст и аранжман) е нејзиниот колега Дамјан Лазаров. Спотот за „ Потполни странци“ ќе биде претставен наскоро, а зад него ќе се потпише студиото на пејачот и композитор Ѓорѓи Крстевски.Лидија Кочовска се враќа на домашната сцена речиси една година по објавувањето на баладата „Верувам“. Инаку, сосема заслужено Кочовска важи за едно од поквалитетните музички имиња и златен глас кој стои зад хитовите “Доволно луд“, „Ти си тој“, „Што те нема“ и други.
Facebook Коментари