Влезниците за ексклузивниот концерт на СТИНГ се веќе во продажба – еве каде можете да ги набавите!

- Музика
1322

Авалон продукција информираше дека се познати сите детали околу влезниците за ексклузивниот концерт на STING во Скопје, закажан за 15-ти октомври, во арената „Борис Трајковски“.

Во соопштението на Авалон продукција стои:

„Концертот на STING во Скопје носи префикс на ексклузивен, не само поради фактот што STING е првиот од А листата на артисти од светската музичка индустрија којшто доаѓа во Скопје, туку и поради тоа што концертот се одржува во сала со капацитет два до три пати помал од останатите сали низ Европа и светот каде што STING настапува.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (2-ри јуни), точно во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и Југотон, по следниве цени и категории:

ПАРТЕР- 1990 денари

ФАН ПИТ- 3000 денари (само 1000 влезници)

SILVER SEATS- 2.990 денари

GOLDEN SEATS- 3.500 денари

VIP ПАКЕТ кој вклучува влезница и примерок од новиот албум на СТИНГ „57th & 9th“- 6.000 денари (исклучиво со резервации на телефон: 077/945-505, секој ден од 10 до 16 часот освен сабота и недела).

Поради досега навистина незапаметен интерес за концертот на STING во Македонија, иако во моментов е пролет 2017 год, а концертот е наесен, им препорачуваме на сите што се заинтересирани да си набават влезници ВЕДНАШ!“

 

Facebook Коментари