На 2 јуни 2010 година, Плеј радио почна да зрачи во македонскиот етер. Со скромни но квалитетни чекори се градеше тимот кој и ден денес го разубавува секојдневието на редовните слушатели чии позитивни критики се мотив да бидеме се подобри. Имајќи ги во предвид различните музички вкусови, се трудиме сите да бидат задоволни. Затоа имаме богата музичка програма која вклучува многу предизвици и емисии од најразличен карактер.
Утрото го започнуваме со Play cafe, емисија во која квалитетно го започнуваме денот со информации од областа на здравјето, музиката, културата, спортот и секако локалните настани кои се во преден план се со цел слушателите да бидат информирани за сите настани кои се случуваат во овој регион. Во Play cafe, градиме позитивни вредности и предизвикуваме многу насмевки.
За насмевките да останат на лицата на слушателите секој ден од 16 до 18 часот е задолжен Бато Деко со емисијата „Не спомви имиња“ . Емисијата неодамна прослави и една година од своето постоење и како таква најде посебно место кај слушателите. Под мотот „Талентот последен умира“ продолжуваме и понатаму во духот на хуморот затоа што смеењето го продолжува животот.
Емисијата „Кавервил“ со Драган Б. Костиќ исто така го најде патот до слушателите и се создаде редовност и позитивна рутина во нејзиното емитувањето. Ја следите секој работен ден од 18 до 19 часот.
Составен дел од нашата програма, за викендот да ви биде исполнет со најдобрите хитови, до сега се емитувани 250 изданија на Play top 20, топ листа на која креатори сте токму вие – нашите редовни слушатели. Оваа топ листа ја слушате секоја сабота од 14:00 до 16:00 часот.
Во изминативе седум години останавме верни почитувачи и на македонската музика. Листата на најдобрите македонски хитови „Мак топ 5“ стигна до своето 231 издание. Терминот за оваа топ листа е сабота од 11 до 12 часот.
Уште една во групата ваши омилени топ листи е и Play celebrity top 10 секој петок од 20:00 до 21:00 часот.
Тука се и радиските шоуа кои ексклузивно се емитуваат на 90.4 fm:
Jamie Lewis Purlple Music и Grant Nelson’s housecall Radio Show кој се емитуваат секој втор петок од 23:00 дo 01:00 часот.
Најгламурозното радиско шоу Glitterbox Radio Show, го следите секоја сабота од 20:00 дo 21:00 часот,
a веднаш после него следува и најслушаното и најсимнуваното радиско шоу во светот во областа на house музиката: The Defected in the House Radio Show!
Секоја сабота од 22:00 дo 00:00 слушате House of Grooves Radio Show so познатата српска Ди – џејка Miss Kay Dee и англискиот Ди-џеј и продуцент Audio Jacker, ексклузивно на 90.4 FM.
И понатаму продолжуваме да бидеме ваш верен музички пријател во етерот со најдобриот тим и најдобрите гости:
Викенд фобија со DJ Crazy Славе Келешоски.
Маестро Владимир Четкар
Галерија:
Отварање
Прв роденден
2 роденден
Со љубов,
тимот на Play radio 90.4 FM
извор: StrugaOnline
Facebook Коментари