УХМР со предупредување: Попладне се очекуваат пообилни дождови, утре врнежи од снег и на пониски места во западните делови

- Локални
246

Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) излегоа со актуелно предупредување.

Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег и ќе се формира снежна покривка. Во текот на ноќта и во утре претпладне врнежи од снег ќе има и на некои пониски места особено во западните делови каде ќе се формира помала снежна покривка.

Максималната температура ќе се движи од 9 до 14 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари