Во Даблин можат да се заработат 25 000 евра годишно од професионално галење мачки

- Занимливо
1063

Ова е совршено работно место за сите љубители на мачки

Ветеринарска клиника во Даблин објави оглас за кој многумина мислат дека е  остварување на сонот, а подразбира само галење на мачки. Оваа ветеринарска клиника е многу поврзана со мачки, а и од новиот вработен го очекува истото.

Според огласот, потенцијалниот работник мора многу да ги сака мачките, дружењето со мачки да му биде природна работа, често да ги храни уличните мачки и да му биде пријатно кога ги гали мачките. – пренесува „Hafington post“.

На веб страницата на клиниката покрај огласот, потенцирано е дека целта на ова работно место е вработениот галејќи ги мачките да успее да ги смири кога се вознемирени поради доаѓањето на ветеринар. Исто така, од потенцијалниот работник се очекува да ги познава сите видови на предење на мачката. Општото мислење е дека мачките предат кога се задоволни, но низа истражувања покажуваат дека мачките предат и кога се под стреc.

Ветеринарката Ifa Kolfild објаснува дека платата може да достигне помеѓу 20 и 25 000 евра годишно, а ова работно место се воведува откако многу сопственици на мачки истакнале дека не сакаат да ги носат своите мачки на ветеринар бидејќи после тоа биле многу вознемирени.

Facebook Коментари