Меѓународниот натпревар „ИКС ДЕНС 2017“ кој ќе се одржи на 18-ти јуни, недела, во Македонскиот Народен Театар во Скопје, го слави танцот во сите форми, од класичен балет, модерен балет, латино, шоу денс и модерни танци до фолклор и народно – сценски танци.
На овој меѓународен натпревар во кореографија ќе има учесници од Македонија, Русија, Хрватска, Јапонија, Казахстан, Австралија, Малта, Украина. На ИКС ДЕНС 2017. можат да се натпреваруваат танчери од сите возрасни категории во најразлични танцови дисциплини. На најдобриот учесник според меѓународното жири, ќе му биде доделена наградата Гран При, парична награда од 1000 долари и оригинални охридски бисери од семејството Филеви.
Сите танчери и балетски уметници од Македонија можат да се пријават до 14-ти јуни и да учествуваат на фестивалот кој станува еден од најреномираните во регионот.
Во 19 ч. ќе започне вистински танц спектакл, Гала концерт со најдобрите од натпреварот. Влезниците по симболична цена од 100 денари се пуштени во продажба.
Facebook Коментари