Иќмет Ислами: Ги остваривме стратешките цели на ЈП Комунално за оваа година, за следната година посакувам уште поголеми успеси
За крај на годината, директорот на ЈП Комунално Струга, Иќмет Ислами, реализираше предновогодишна средба со вработените.

-Им се заблагодарив за одличната меѓусебна соработка, несебичното залагање и взаемна трудољубивост, со цел исполнување на стратешките цели на преприатието. На вработените им посакав успешна работа и во иднина, во насока на унапредување.
Воедно, изразив отвореност за понатамошна професионална соработка, истакнувајќи дека секогаш сум подготвен да помогнам доколку е потребно.-вели директорот Ислами.

Тој упати честитки во пресрет на Новата 2025 година, и посака здравје, среќа, благосостојба и уште поголеми успеси на професионален и приватен план, на своите вработени и на сите граѓани на Струга.
Strugaonline
