Временска прогноза -променливо облачно и нестабилно со пороен дожд

- Македонија
781

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде вдолж Повардарието. Дневните температури ќе се движат во интервал од 22 до 29 степени. Од петок се најавува сончево време со високи температури кои на места ќе достигнат и до 33 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари