Обука за застапување и истражувачко новинарство ќе се одржи во Струга

- Локални
1062

Во рамките на проектот „Медиа платформа за застапување“,Граѓанската асоцијација МОСТ, организира серија  обуки за застапување и истражувачко новинарство,кои се наменети за граѓански организации и новинари.

Организаторите наведуваат дека целта на обуките  е да придонесат кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во процесот на застапување, зајакнување на улогата на новинарите и нивните истражувачки стории, како и  зголемување на нивната меѓусебна соработка преку спроведување на заеднички кампањи за застапување на интересите на граѓаните.

До сега беа одржани обуки во 4 плански региони, и тоа: Вардарски, Североисточен, Полошки и Скопски регион.

Следната обука ќе се одржи во хотелот „Дрим“ во Струга во периодот од 16-ти до 19-ти јуни 2017, а се однесува на организации и медиуми/новинари од југозападниот плански регион. Краен рок за пријавување на сите заинтересирани е 12-ти јуни 2017 година.

 

 

Facebook Коментари