Граѓанската иницијатива „Доста“ вчера вечер соопшти дека последниот протест кој се одржа пред два дена, на кој Стружани побараа трајно решение на проблемот со струшката дива депонија, чист воздух и чиста животна средина вроди со плод. Од таму информираат дека оствариле средба со Г-дин Дамјан Манчевски-Министер за информатичко општество. На средбата, претставниците на граѓанската иницијатива подетално го запознале министерот со проблемите на стружани поврзани со дивата струшка депонија и ги презентирале предлог-решенијата.
„Од негова страна наидовме на разбирање и ветување дека Владата уште на почетокот на наредна недела ќе превземе конкретни активности за решавање на проблемот. Ни беше ветено дека за проблемот на стружани ќе се дискутира на седница на Влада. Ова претставува дополнителен поттик за сите нас повторно да излеземе на овој протест.„ – велат од Граѓанската иницијатива „Доста“
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари