На сцената на познатиот театар „Бродвеј“, следната година ќе биде поставен мјузикл посветен на една од најголемите светски sвезди, живата легенда Шер.
Оваа вест таа ја потврди за сите свои фанови на својот твитер-профил каде што напиша:„Cher: The Musical”, на сцената на „Бродвеј” стигнува следната година.
Според најавите, мјузиклот ќе ги опфати и прикаже најзначајните моменти од животот на Шер, почнувајќи од детството, преку тинејџерските години, нејзините почетоци на музички план, и секако најблескавите моменти и успеси од нејзината кариера.
Режисер на мјузиклот ќе биде Џејсон Мур, додека улогата на Шер во различни периоди од нејзиниот живот, би требало да ја играат: Џилијан Милер, Лена Хол и Лесли Маргерита.
Facebook Коментари