Изложба на модни дизајни на Азра Демиши утре во Струга
„Мирот низ стиловите“ изложба на модни дизајни на Азра Демиши утре ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга.
Настанот е во соработка со Interfaith Harmony week. Во склоп на изложбата ќе се одржи предавање со наслов: „Разбирајќи го модниот стил со цел ослободување од предрасудите“ на уметницата Лида Шерафатманд.
Изложбата ќе се одржи утре во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Струга со почеток во 12:30 часот.
StrugaOnline

