Објавен е вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти

- Македонија
109

Министерството за локална самоуправа го објави јавниот повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА. Ова е втор повик за финансиска поддршка на општините за реализација на капитални инфраструктурни проекти со кој на располагање се 15 милијарди денари.

„Предмет на овој јавен повик е поднесување на предлог – проекти, врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за спорт и Министерството за култура и туризам, објавени на нивните веб-страни. Целта на овој отворен јавен повик е да се доделат средства на општините за проекти со чија реализација ќе се придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развојот и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните.“ – се вели во повикот.

Распределбата на средствата ќе се врши врз основа на два критериуми: резидентното население во општината согласно последниот попис и комплетата проектна документација со која би се гарантирала непречена реализација на проектите.

Општините апликативните формулари и комплетната проектна документација за јавниот повик може да ги поднесат најдоцна до 30 април 2025 година.

StrugaOnline

Facebook Коментари