Православните христијани денеска го прославуваат денот посветен на Свети Вукол, епископ Смирненски.
Ученик на свети Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа.
Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост.
Пред смртта, Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господа.
Извор: mpc.org.mk , фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари