Ревијален Ватерполо натпревар на поранешни ватерполисти оваа сабота ќе се одржи во новиот Пливачки базен Струга.
Во организација на Ватерполо Клуб Струга, оваа сабота, 22.02.2025 година, од 14 часот во новиот Пливачки базен Струга, ќе се одржи ревијален Ватерполо натпревар на поранешни ватерполисти од Република Македонија.
Целта на овој ревијален натпревар е испраќање на порака до жителите на град Струга дека во градот повторно, по долги години се обезбедени услови за работа и практикување на овој спорт и ги покануваме сите поранешни членови на ВК Струга и љубители на овој спорт да дојдат, да дадат поддршка и заедно да го вратиме овој спорт во нашиот град, а со тоа и во нашата држава Република Македонија.
StrugaOnline
Facebook Коментари