Театарската престава „Кумови“ во петок повторно на репертоарот на охридскиот театар

- Локални
86

Театарската престава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин, повторно на репертоарот на охридскиот театар во петок 28.02.2025 година со почеток во 20.00 часот.Во претставата играат актерите: Адријана Билаловиќ – Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска- Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.

Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска – Петреска, сценографијата на Татјана Христоска – Бажевска, а костимографијата на Марија Пупуческа.

Карти во продажба на билетара од денеска, понеделник (24.02.2025), цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

StrugaOnline

Facebook Коментари