Во рамките на проектот “СТРУГА КРЕАТИВЕН ГРАД” поддржан од Европската унија, ФООМ и Центарот за развој на локална демократија на 24 Јуни / Сабота ке се одржи мултимедијален хепенинг на кој ке биде отворен уличен мурал во центарот на градот, по кејот на реката Дрим стружани ќе имаат можност да уживаат во звуците на локалните музичари кои ќе се претстават со свои музички перформанси и како шлаг на денот ке биде организирана голема забава на која ни гостува Марко Настиќ со целовечерен Дј сет. Како домашна поддршка вечерта ке ја загреат Мирко Попов и Дј Боби.
Билети за настанот можaт да се набават во сите градови преку продажната мрежа на mktickets.mk или на нивната веб страна по промотивна цена од 150мкд, локални продажни места: Мезе бар Кингстон и Бистро Калапалак. Гратис билети за овој настан ќе доделува Play radio.
Инаку, како позначајни моменти од професионалниот живот на Марко Настиќ се споменуваат самите почетоци кога за време на деведесетите( кога Србија беше на работ на граѓанска војна), Марко Настиќ и неговите пријатели формираат една од најпрогресивните клупски сцени во југоисточна Европа. Преку креирање електронска музика и славење на животот даваат максимален отпор на политичкото лудило кое ја зафаќа државата во тој период.
На 18 годишна возраст го формира техно колективот Teenage Techno Punks, наскоро станува еден од главните играчи на електронската сцена во југоисточна Европа, се придружува на издавачката куќа на Valentino Kanzyani “Jesus loved you” а по кратко време промовира и свој label наречен Recon Warriors.
Почнувајќи од Бразил во 2002 година ја започнува својата прва светска турнеја.
Facebook Коментари