Лев банер Десен банер

Сениорките на ЖКК Струга 2009 загубија во дербито против ЖКК Спорт Тим од Неготино

Сениорките на ЖКК Струга 2009 загубија во дербито против ЖКК Спорт Тим од Неготино.

ЖКК Спорт Тим – ЖКК Струга 2009, 73:67 (20:18; 24:14; 23:23; 06:12)

Ова практично беше натпревар во кој се решаваше кој директно влегува во Прва А Лига, бидејќи екипата на Куманово Гризли ја напуштија Прва А Лигата, екипата што е на прво место на Прва Б Лигата без бараж влегува во повисок ранг.

-Многу тежок натпревар за нас, екипата беше под голем притисок баш поради влогот што го носеше победата со што подлегнаа под притисокот. Тое е тоа, остануваат уште 3 кола во кои треба да го одбраниме второто место и да се спремиме за бараж, изјави тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.

Најефикасни во ЖКК Струга 2009 беа интернационалката од Србија Марија Ристиќ со 27 поени и 16 скокови, американката Вилард со 26 поени, Муртезаи и Зиба постигнаа 6 поени, Зиба додаде и 9 скокови и 3 асистенции, Даути имаше 4 скока и 4 асистенции, Алексиеска 2 поени.

Најефикасни во ЖКК Спорт Тим беа украинските интернационалки Ковтун и Осталчук кој заедно искомбинираа 59 поени, Ковтун 37 поени, 8 скокови и 3 асистенции, а Осталчук 22 поени и 11 скокови.

StrugaOnline

error: