Нова јапонска помош од близу 115 илјади евра за Здравстевниот дом во Вевчани и ОУ „Св. Климент Охридски“ од Битола

- Локални
279

Преку „Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP)“ Јапонија обезбеди поддршка за реализација на проекти во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани и основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола. За таа цел беа потпишани договрите од страна на амбасадорка на Јапонија во Република Северна Македонија, Сецуко Кавахара со директорите Рената Пешиноска на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани и Предраг Созовски, директор на основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Битола.

На церемонијата на потпишување на договорите што се одржа во просториите на Амбасадата на Јапонија во Скопје, амбасадорката Кавахара истакна дека преку оваа помош дополнително се зајакнува пријателството меѓу двете како и јапонската посветеност да го поддржи подобрувањето на здравстевниот и образовниот систем во земјава.

Од 1996 година преку GGP Програмата, Јапонија има поддржано 186 проекти во областа на здравство, образование и животна средина, кои се успешно спроведени со институциите приматели на помошта.

Вредноста на досегашната јапонска помош за Северна Македонија изнесува над 9,4 милиони евра.

Facebook Коментари