Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците октомври, ноември и декември во Струга се бележи позитивен природен прираст на населението.
Бројот на живородените деца е 119, а починале 115 лица. Во последното тримесечје од минатата година биле склучени 75 бракови, а имало 12 разводи.
Во Охрид пак, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година е 111, додека бројот на умрените лица е 167, според ова се бележи негативен природниот прираст од – 56. Во статистичкиот период во Охрид се склучиле 56 бракови, а имало 14 разводи.
На државно ниво во четвртиот квартал имало 3 968 живородени деца, а починале 5 174 лица, со што се бележи негативен прираст од -1 206. Во анализираниот период споредено со истиот од 2023 година се бележи намалување на бројот на склучени бракови и раст во бројот на разводи.
Извор: stat.gov.mk
StrugaOnline
Facebook Коментари