(ВИДЕО) ДНК промовираше видео од концертот со кој прослави јубилеј – најемотивните моменти на едно место

- Музика
1261

Групата ДНК на 12 мај оваа година, во Метрополис арената одржа славенички концерт со кој одбележа петнаесет  години постоење на македонската музичка сцена. За концертот се уште со воодушевување  зборуваат сите оние кои беа во публика, а ДНК мислат и на сите оние кои не беа во можност да присуствуваат на концертот. Во ова видео се собрани поемотивните моменти од концертот и може да се забележи многу блиска и непосредна енергија која Панчо и Андреј ја споделуваат со публиката и добиваат иста таква повратна реакција.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари