Кривична пријава за 40-годишно лице од струшкото село Корошишта поради „фалсификување исправа“

- Локални
1427

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 40-годишно лице од струшкото село Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

– Пријавениот, директор на основно училиште во струшкото село Подгорци, набавил лажен сертификат за положен англиски јазик од филијала лоцирана во една соседна земја и го употребил во прилог на документи за избор на директор. По извршени проверки, добиен е одговор дека лицето не е регистриран во базата на податоци и евиденции во филијалата, информираат од МВР.

Извор: МВР фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари