In Memoriam: Почина Нури Хајдари, им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа
На 27.02.2025 во 17.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, од крстосница за с.Пискупштина кон с.Луково, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, управувано од Џ.И.(51) од с.Делогожда, струшко и патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Н.(47) од Струга.
Вчера, 6 март, почина Нури Хајдари кој им подлегна на повредите по тешката сообраќајна несреќа.
Нури беше познат музичар со голема душа на уметник, оженет, татко на три деца, два сина и една ќерка.
Во објавите на социјалните мрежи, болка и голема тага изразуваат десетици стружани и пошироко, „Човекот со постојана насмевка“, „Позитивниот и секогаш насмеан човек“, „Голема празнина за градот“, „Секогаш ќе се сеќаваме на убавото време што ни го подаривте“, се само дел од многуте објави.
StrugaOnline

